речник контакт

Футсал: Македонија – Србија 6:2 (1:0)

Македонските репрезентативци со одлична игра, го преслушаа северниот сосед, кој беше голем фаворит во оваа средба која се одигра во салата Гемиџии во Велес

Петар Печков

Македонската селекција во футсал убедливо ја совлада селекцијата на Србија со 6:2, полувреме 1: 0. 

Головите за Македонија ги постигнаа Левевски во 9-та, Мицевски во 23-та и 34-та, Агуши во 31-ва и 38-ма и Ранготов во 35-та, додека кај гостите Рајчевиќ во 28-ма и Живановиќ во 39-та.

Македонската репрезентација прикажа одлична игра и ја совлада селекцијата на Србија која беше фаворит пред натпреварот.

Средбата се одигра во салата ,,Гемиџии,, во Велес, пред  500 гледачи. Утре истите противници ќе одиграат уште еден контролен натпревар, но во Скопје.

Средбите се во рамките за подготовките за  пред квалификациите за ЕП кои   ќе се одиграат од 19-23 октомври во Македонија. Наши противници се Франција, Црна Гора и Швајцарија.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »